Правдико

   

Законска дозволеност за затемнување на стакла кај возилата

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

tint-950x629Во возилата се вградуваат одобрени сигурносни стакла кои може дополнително да се  затемнат  до  тој  степен  што  пропустливоста  на  светлина  на  стаклото  заедно  со налепената фолија на него, да биде најмалку:

– 75% за ветробранското стакло и
– 70% за предните бочни стакла (кај возачот и совозачот – пред „B” носачите).

Ова не се однесува за тесната лента која се поставува на горниот раб на ветробранското стакло, и која е наменета за заштита од сонце.

Оттука на ветробранското стакло дозволено е затемнување до 25%, додека кај стаклата кај возачот и совозачот дозволено е затемнување до 30%.  За задните стакла нема ограничувања доколку возилото има два ретровизори.

Според законот возилото може да има затемнети стакла само со А-тестирани фолии.

На стаклата на возилата не се поставуваат огледални фолии.

Доколку стаклата на задната страна на возилата се затемнети така што пропуштаат помалку од  30% светлина, тогаш возилото треба да биде опремено со ретровизори на двете страни.

Глоби

Возилата во сообраќајот на пат задолжително треба да ги исполнуваат пропишаните услови во однос на затемнување на стаклата.

На правното лицe кое постапува спротивно на законот ќе му се изрече глоба во износ од 2.000 евра во денарска противвредност. За прекршокот  ќе му се изрече глоба и на одговорното лице во правното лице во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице.

Прекршочен  платен  налог  со  глоба  во  износ  од  300  евра  во  денарска противвредност, ќе му се издаде на возачот кој постапува спротивно на правилата за затемнување на стаклата.

–ПРАВДИКО–

Партнери на Правдико