Правдико

   

Законски ограничувања при патување во Црна Гора

© Copyright 2016 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Доколку планирате да патувате во Црна Гора, добро е да ги знаете законските ограничувања и правилата кои важат во таа земја. Секое прекршување на законот може да ве доведе во непријатна ситуација, со тоа што ќе платите високи казни па дури и да завршите во затвор. Следат правилата кои мора да ги почитувате кога патувате во Црна Гора.

Wild Beauty - znak

Транспорт

Доколку патувате со сопствено возило задолжително ви е потребна  возачка дозвола,  зелен картон и дозвола за управување со туѓо возило, ако возилото не е лична сопственост. За влез во оваа земја не е потребна виза и можете да ја преминете границата со  биометриски лични карти, но ако  патувате за трета земја, при влез во Црна Гора користете биометриски пасош. Од 2012 година е укинато плаќањето на еколошка такса за сите странски возила.

Според законите во Црна гора, задолжително е додека возите да имате запалени светла. Користењето на мобилен телефон додека возите е строго забрането освен ако не ви е приклучен на hands free уред.

Возењето во алкохолизирана состојба може да резултира со високи казни и до 2000 евра како и и казна затвор. Дозволеното количество на алкохол во крвта изнесува 0.3 промили алкохол. Обично кога пишуваат казна, полициските службеници ќе ви дадат банкарска сметка за да ја платите казната во определено време. Во спротивно може да ви биде одземен пасошот и да си создадете дополнителни проблеми. Во ретки случаеви полицијата може да ја наплати казната и на лице место но тоа е ретко во пракса.

За деца под 5 години задолжително е посебно седиште во автомобилот, а  деца под 12 години не смеат да се возат на предните седишта. Како задолжителна опрема која мора да ја имате е сет за брза помош, рефлектирачки елек и триаголник. Максималната брзина во населените места е 50 km на час, додека надвор од населени места ограничувањето е 100 km на час.

montenegpro crna gora baner slika

 

Царински ограничувања

Резидентите како и нерезидентите на Црна Гора, можат да внесат и изнесат, без пријавување во царина, до 10.000 евра. Кредитните картички како и други слични иструменти за трансфер на пари мора да се пријават во царина при влезот или излезот од државата.

Внесување храна

При влегување во Црна гора, има одредени ограничувања за количината на храна која може да ја понесете со вас.

Дозволеното количество на храна кое може да се внесе во територијата на Црна Гора е следно:

– Храна за деца и диетални производи за медицинска употреба доколку за нив не е предвиден посебен режим на чување во соодветно пакување.
– Свежо овошје и зеленчук (освен компири) најмногу до 5 килограми;
– Суво овошје, сув зеленчук, кафе, чај или суви печурки заедно до најмногу 1 килограм;
– Алкохол во оригинално пакување со бандерола најмногу до 1 литар;
– Други пијалоци  во оригинално пакување најмногу до 2 литри;
– Флаширана вода најмногу до 5 литри
– Други производи и храна во оригинално пакување, кои не бараат посебен режим на чување и пакување заедно до најмногу 1 килограм.

Забрането е изнесување на заштитена флора и фауна надвор од државата, освен во случаите кога туристот има специјална дозвола од надлежните институции во Црна Гора.

Предмети за лична употреба

Постои ограничување на предметите за лична употреба кои туристите можат да ги носат во текот на патувањето. Со вас можете да понесете до 2 литри вино и 1 литар жесток пијалок, 200 цигари или 50 пури, парфем до 50 г. или колонска вода до 0.25.

Регистрација на престој

Кога ќе пристигните во Црна Гора доколку патувате приватно, освен ако престојувате во хотел или преку туристичка агенција, должни сте да пријавите престој во рок од 24 часа од пристигнувањето во локалната полициска станица. Доколку не пријавите престој можете да се соочите со парични казни и потешкотии при излезот од земјата. Потребно ќе ви биде да купите регистрациона карта која може да ја најдете во секоја книжарница, и сте должни да ја чувате се до напуштање на државата.

Забрането фотографирање

Фотографирањето на воени или полициски објекти, возила или службеници е строго забрането освен ако имате дозвола од Министерството за одбрана.

–ПРАВДИКО–

montenegpro crna gora baner slika

Партнери на Правдико