Правдико

   

Законски ограничувања за превоз на миленици во автомобил

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Согласно  Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата во моторно возило можат во сообраќај на пат да се превезуваат лица во оној број кој е означен во сообраќајната дозвола, односно во потврдата за регистрација.

Во просторот на возила во кои се врши превоз на лица, забрането е истовремено да се превезуваат и животни.

Доколку планирате да го превезувате вашиот миленик, а притоа да избегнете глоба, законот дозволува превоз на животни но само во посебно изработени заштитни кутии.

Мандатен платен налог со глоба во износ од 35 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 20 негативни бода согласно со одредбите од овој закон, на возачот кој постапува спротивно на законот.

 

Партнери на Правдико