Правдико

   

Законски ограничувања за управување дронови во Македонија

© Copyright 2016 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

oneplus-gotovit-dron-a-ne-geym-1920x1080Владата на Република Македонија, на седницата одржана  на 20.01.2015 година донесе Уредба за условите под кои воздухоплов без екипаж може да лета во македонскиот воздушен простор (Службен весник на Република Македонија бр. 13/2015), со која се пропишуваат условите кои е потребно да ги исполнуваат операторот на воздухоплов без екипаж, како и самиот воздухоплов без екипаж.

Воздухоплов без екипаж (Unmanned Aircraft) според уредбата е дефиниран како воздухоплов наменет за изведување на операции без екипаж, кој е управуван далечински или е програмиран и е автономен.Под овој поим се мисли и безпилотните летала- дронови.

Класификација на воздухоплов без екипаж

а) Класа I -воздухоплов без екипаж со максималната маса на полетување помала од 20 кг,

б) Класа II – воздухоплов без екипаж со максимал- ната маса на полетување од 20 кг до 150 кг,

в) Класа III – воздухоплов без екипаж со максимал- ната маса на полетување поголема од 150 кг.

Воздухопловот без екипаж од точка а) потребно е да поседува употребна дозвола.

Воздухопловот без екипаж од точки б) и в) потребно е да поседува уверение за пловидбеност, додека пак воздухоплов без екипаж со маса на полетување поголема од 5.700 кг. задолжително поседува уреди за избегнување на судир (ACAS/TCAS).

Ограничувања во оперирањето со воздухопловот без екипаж

Во рамки на визуелна линија на видното поле, воздухоплов без екипаж (познатите дронови) може да оперира на максимално растојание од 500 метри хоризонтално и 120 метри вертикално од операторот (контролорот) на воздухоплов без екипаж. По исклучок , максималното растојание може да биде поголемо од 500 метри хоризонтално за воздухоплови без екипаж од класа II и III но со доставување на дополнителна документација.

Ограничување на областите на оперирање

Операции на воздухоплов без екипаж може да се вршат во населена област со посебно одобрение од Агенцијата за цивилно воздухопловство и давателот на услуги на воздухопловна навигација.

Пилотот на воздухоплов без екипаж треба воздухопловот без екипаж да го управува на начин да не го загрозува јавниот ред и мир, други лица и ствари на земја и да избегнува други воздухоплови со екипаж. Не може да се вршат операции на воздухоплов без екипаж:

– под 150 метри во секоја населена област,

– под 50 метри растојание од секое лице, брод, возило или инфраструктура,

– во воздушниот простор класа А, Б, Ц, Д и Е без одобрение од надлежната контрола на летање,

– да лета во аеродромската зона без одобрение од надлежната контрола на летање и аеродромскиот опе- ратор

Неможе да се лета воздухоплов без екипаж кон лица, животни и собир на луѓе. Исто така неможе да се лета воздухоплов без екипаж во радиус од 500 метри од објектите од значење за безбедноста, објектите на државните органи и критични народни маси, како што се:

– објектите на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија,
– објектите на Министерството за внатрешни работи,
– Владата на Република Македонија,
– Собранието на Република Македонија,
– резиденцијата на Претседателот на државата,
– дипломатските претставништва,
– високо ризични натпревари и
– голем собир на луѓе (протести).

Ограничување за странски воздухоплов без екипаж

На странски воздухоплов без екипаж му е забрането да лета во македонскиот воздушен простор, ако носи активно наполнето стрелачко, ракетно или бомбардерско вооружување, како и активна опрема за снимање, доколку тоа не е регулирано со  претходен Меѓународен договор кој го ратификувала Република Македонија.

За употреба на активна опрема за снимање од воздух, странски воздухоплов без екипаж, треба да има одобрение кое ќе биде во согласност со Законот за одбрана на Република Македонија.

Партнери на Правдико