Правдико

   

Законски правила за поставување детско седиште во автомобил

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со моторно возило можат во сообраќај на пат да се превезуваат лица во оној број кој е означен во сообраќајната дозвола, односно во потврдата за регистрација. Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата ги регулира правилата за превоз на деца на задното и предното седиште, предвидувајќи и посебни глоби доколку тие правила не се почитуваат.

Во патнички автомобил на задното седиште, смее да се превезува дете помало од пет години, во поставено посебно детско седиште кое за седиштето од возилото е прицврстено со сигурносен појас или на друг соодветен начин.

Во патнички автомобил на предното седиште, смее да се превезува дете до две години, ако возилото нема заштитно воздушно перниче, ако воздушното заштитно перниче е исклучено и ако детето се превезува во посебно детско седиште поставено спротивно од правецот на движење, при што истото е прицврстено на седиштето на возилото со помош на сигурносен појас со три точки на поврзување.

Детето треба да биде врзано со сигурносен појас од седиштето.

Доколку не се почитуваат овие правила предвиден е мандатен платен налог со глоба во износ од 35 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 15 негативни бода  на возачот кој постапува согласно овие правила.

–ПРАВДИКО–

Партнери на Правдико