1 200 затвореници избегаa од затвор по цунамито во Индонезија | Правдико

Правдико

   

1 200 затвореници избегаa од затвор по цунамито во Индонезија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Најмалку 1 200 затвореници избегаа од три индонезиски затвори откако земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа во близина на Сулавеси.

Речиси 900 затвореници избегаа од два затвора во градот Палу, откако просториите на затворот се сериозно оштетени во земјотресот. Некои од ѕидовите се урнале, по што некои затвореници поминале покрај стражарите, додека некои излегле на главната врата.

Претставникот на Министерството за правда, Шри Пугу Утами, рече дека просториите на затворот Донгала се запалени и дека во моментов се наоѓаат во бегство 343 затвореници.

Министерството соопшти дека затворениците побарале да ги видат своите семејства по земјотресот и дека биле лути откако нивното барање било одбиено.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико