10 -декември Европски Ден на Адвокатите
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Почнувајќи од оваа година по иницијатива на CCBE – Сојуз на адвокатски комори на Европа, започнува одбележување на Европски Ден на Адвокатите, со цел јавноста да се предупреди и поттикне на размислување за суштината на адвокатската професија како заштитник на човековите права и несомнено еден од најважните фактори во општеството. Оваа година одбран е 10 Декември, со оглед дека се поклопува со Светскиот ден на човекови права.
Темата усвоена од CCBE е “Mасовно државно следење на комуникациите помеѓу адвокатите и клиентите”.
Адвокатската комора на Република Македонија ги поттикнува своите членови на on-line дискусија на тема ” Доверлив однос помеѓу адвокат и клиент, заштита на професионална тајна и предметот на работа (состојби, регулатива и унапредување)”.
Ве поттикнуваме Вашите размислувања на темата да ги доставувате во електронска форма до Адвокатската комора на Република Македонија.
Извор: Адвокатска комора на РМ