10 дневна обука за спроведување на правдата за судии од регионот | Правдико

Правдико

   

10 дневна обука за спроведување на правдата за судии од регионот

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Програмата за владеење на правото МАТРА е наменета за зајакнување на институционалните капацитети во областа на владеењето на правото во рамките на владините организации во Грузија, Молдавија, Украина, Турција и Западен Балкан. За таа цел, на годишно ниво се нудат 7 програми за обука, од кои секоја ги воведува учесниците во најдобрите практики со широк спектар на теми за владеењето на правото. Преку интерактивни сесии, комбинирани со теорија, практични вештини и студиски посети, претставници на судството и други државни службеници од владините и секторите за правда ќе се стекнат со знаења и вештини потребни за примена на реформи во нивните матични земји.

Програмата за владеење на правото МАТРА е креирана и спроведена од Холандскиот хелсиншки комитет, правниот факултет во Лајден и Хашката акдемија за локална власт. Финансирана е од страна на Министерството за надворешни работи на Холандија.

Обуката е наменета за судии кои имаат интерес во областа на управувањето со судот и обврски за спроведување на правда. Од учесниците ќе се очекува со својата активност да придонесат кон процесот на учење, како и да бидат во позиција да ги спроведат новостекнатите знаења во нивните институции.

Целосниот повик може да го преземете тука.

Препорачуваме

Партнери на Правдико