10 причини зошто треба да ангажирате адвокат | Правдико

Правдико

   

10 причини зошто треба да ангажирате адвокат

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

law

Секоја правна постапка не бара ангажирање на правен застапник. Сепак, во повеќето ситуации посебно во оние каде се работи за имотни прашања или кривично гонење, не сакате да ризикувате со самостојно дејствување без совет од искусен професионалец кој може да Ви помогне. Впрочем, иако добриот правен застапник можеби ќе Ви изгледа скап, но тој може да Ви помогне да излезете од многу незгодни ситуации кои може да Ве чинат многу повеќе доколку дејствувате сами. Следуваат десет важни причини зошто да ангажирате адвокат кога се соочувате со правен проблем.

1. Правото е комплицирано

Доколку не сте адвокат веројатно не знаете како да се однесувате во одредени правни ситуации. Дури и искусните правници не секогаш лесно се  справуваат на суд. Настапувајќи самостојно се ставате во ризик да не можете да си го остварите вашето право, а во некои случаи и да си наштетите . Ангажирањето на адвокат ќе ви ја олесни работата, и ќе ви помогне во остварување и заштита на вашите права.

2. Немањето адвокат може да Ве чини многу повеќе

Едно кривично дело  може може да ви го промени целиот живот ,а во најлош случај да завршите во затвор. Од друга страна, со ангажирањето на  адвокат и со запазување на процедурите и одбраната која ќе ви ја пружи, санкцијата може да биде значително поблага. Впрочем, голем дел од адвокатите не ги бараат однапред трошоците за постапката (освен оние кои се неопходни за водење на постапката) додека случајот не биде завршен. Со тоа заштедувате од трошоци за повторување на целата постапка, како и од непотребните трошоци направени без претходно советување.

3. Адвокатите знаат како да ги искористат доказите.

Можеби Вие нема да бидете свесни дека клучниот доказ против Вас не е добиен на „вистинскиот начин“ или претходниот сведок го демантирал за време на претходна изјава. Вашиот адвокат ќе знае за сите овие детали кои може да одиграат клучна улога во Вашиот случај.

4. Адвокатите знаат како да ракуваат со доказите и да се соочат со сите правни процедури.

Доколку не сте адвокат, може да се соочите со проблеми поврзани со рокови или правила  кои Вас не ви се познати. Еден поминат рок иили еден погрешен документ може да ја искомплицира целата постапка или да го сврти случајот против Вас.

5. Вие не ги познавате вистинските стручњаци или приватни детективи

Адвокатите зависат од широка мрежа од професионалци кои помагаат во случаите на нивните клиенти. Луѓето кои не се адвокати најчесто не ги познаваат овие луѓе кои може да помогнат во откривањето докази или сведочење од спротивната страна.

6. Не знаете како да приговарате

Не мора да бидете осудени на казна доколку постојат докази кои посочуваат против Вас. Адвокатот го разбира правото многу подобро од Вас и ќе знае кои се Вашите можности за извлекување од ситуацијата дури и пред да започне судењето.

7. Подобро е нешто да се спречи отколку да се лекува

Ангажирањето  адвокат може да Ви помогне да одбегнете потенцијални  главоболки за време на целата постапка. Дали секогаш го разбирате тоа што го потпишувате? Адвокатот ќе го разбере.

8. Добриот адвокат може да издејствува добра понуда или спогодба доколку е потребно.

Искусниот адвокат веројатно веќе работел со случаи како Вашиот или барем знае доволно за да го реши проблемот со кој се соочувате. Понекогаш, прифаќањето на понудата за одбегнување на судска постапка е добра опција за Вас, но во одредени случаи,  судењето можеби е и поисплатливо . Адвокатот е тука да  Ви помогне да преговарате за добра спогодба со спротивната страна.

9. Другата страна има адвокат.

Пресметајте ги Вашите шанси без адвокат доколку другата страна има правен застапник. Веќе беше споменато, правото е комплицирано и големи се шансите дека другата страна ќе биде претставувана од страна на професионално лице кое ќе ги искористи Вашите недостатоци во своја полза.

10. Адвокатите честопати нудат бесплатно прво советување.

Голем дел од адвокатите ќе имаат состанок со Вас лице в лице без ништо да Ви наплатат . Не губите ништо доколку го послушате нивниот прв совет. Овој совет ќе Ви покаже со каков случај се соочувате и ќе Ви помогне да се одлучите дали да изнајмите адвокат.

Автор: Д.П.

–ПРАВДИКО–

Visit www.jobtips.us for more..

Препорачуваме

Партнери на Правдико