14 години затвор за убиецот на Ангел во ,,Ѓорче Петров" | Правдико

Правдико

   

14 години затвор за убиецот на Ангел во ,,Ѓорче Петров”

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

судење-за-убиство-на-матурант-од-Ѓорче-4Основниот суд Скопје 1 – Скопје, денеска 06.07.2015 година, ја објави пресудата за предметот со К.бр 3773/14, поврзан со убиството што во мај минатата година се случи во населбата Ѓорче Петров.

На денешната главна расправа Јавниот обвинител и одбраната на обвинетиот ги кажаа завршните зборови, а по советување, надлежниот судски совет ја донесе пресудата со која обвинетиот Н.Е. го огласи за виновен за кривичното дело Убиство од член 123 ст.1 од КЗ.

Советот ценејќи ги олеснителните и отежителните околности на обвинетиот му одреди казна затвор во траење од 14 години, а воедно му ја продолжи мерката притвор до правосилноста на пресудата.

Препорачуваме

Партнери на Правдико