14 јуни неработен ден за граѓаните од православна вероисповед
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Министерството за труд и социјална политика соопшти дека 14 јуни, петок, пред Духовден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија.
Духовден или Дуовден е еден од најголемите 12 христијански празници. Се нарекува уште и Педесетница (грчки: πεντηκοστή, латински: pentecoste) и е еден од најрадосните и најсветли празници во христијанството во кој се слави слегувањето на Светиот Дух врз апостолите на педесеттиот ден од Христовото воскресение. Овој настан претставува исполнување на старозаветните месијански пророштва. Овој празник како и Велигден се празнува три дена. Во црногорското и хрватското приморје овие денови се нарекуваат и Русаље или Русаљи, а во Македонија и кај другите Јужни Словени од православна вероисповед првиот ден од Духовден е и ден на св. Троица.
Извор: Макфакс