15 затвореници од Гвантанамо се префрлени во ОАЕ | Правдико

Правдико

   

15 затвореници од Гвантанамо се префрлени во ОАЕ

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

57b29f991059dСАД испратија 15 затвореници од затворот во Гвантанамо во Обединетите Арапски Емирати, која е најголемата група на затвореници ослободени за време на администрацијата на претседателот Барак Обама, соопшти Пентагон.

Во Емиратите се испратени 12 јеменски државјани и тројца Авганистанци, како дел од напорите за намалување на бројот на затвореници во американскиот затвор во Куба, кој Обама сака да го затвори, јави АП.

Според официјалните податоци на Пентагон во Гвантанамо отворен во јануари 2002 година, со цел да се чуваат странски борци осомничени за поврзаност со талибанците и Ал Каеда, останаа уште 61 затвореник.

За време на мандатот на претседателот Џорџ Буш од Гвантанамо беа ослободени 532 затвореници.

Една група од 15 затвореници кои беа последните ослободени од затворот во Гвантанамо беа без формално обвинение, а некои беа таму повеќе од 14 години.

Нивното ослободување беше одобрено од страна на Одборот за ревизија на казни, чии членови се претставници на шест американски владини агенции.

Препорачуваме

Партнери на Правдико