175 возачи санкционирани за брзо возење
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 175 возачи.
Од нив, 11 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 76 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 99 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли ќе продолжат и во наредните денови. Од полицијата апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Извор: Макфакс