188 санкции за непрописно престигнување на територијата на целата држава
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Во текот на вчерашниот ден (13.6.), во периодот од 14 до 20 часот, Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола за санкционирање возачи што непрописно престигнуваат, при што санкционирани се 188 возачи. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.
Извор: Макфакс