19 години казна затвор за убиството на медицинската сестра од Детската клиника | Правдико

Правдико

   

19 години казна затвор за убиството на медицинската сестра од Детската клиника

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Krivicen-sud-860x680Деветнаесет години затворска казна доби Никола Кузмановски, осуден за убиството на медицинската сестра Дијана Здравковска што се случи на 9 јануари лани на Детската клиника во Скопје.

Тој е осуден за кривично дело убиство на бремено лице. Убиството се случило вечерта околу 19 часот, во кругот на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, во потпокривната просторија на Клиниката за детски болести на осмиот кат. Обвинетиот знаел дека медицинската сестра е бремена.

Момчето и медицинската сестра која била десет години постара, се од скопското село Петровец. Таа била во брак, но била во љубовна врска со обвинетиот за убиство. По убиството обвинетиот сакал да се самоубие, но по преговори со полицијата се предал.

Извор: 24 Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико