2000 вработени по втор пат уживаа во прекрасната забава организирана од Кромберг & Шуберт | Правдико

Правдико

   

2000 вработени по втор пат уживаа во прекрасната забава организирана од Кромберг & Шуберт

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ е компанија која со својот пионерски дух и иновативно претприемништво ја гради својата успешна приказна повеќе од 100 години во полето на автомобилска индустрија.

Пред околу 3 години своја приказна оваа компанија започна да гради во Битола која покрај успех во индустрискиот сектор, таа успешно го создава и своето КРОШУ семејсто кое постојано се зголемува и моментално брои над 2200 вработени.

Оваа компанија со ентузијазам и голема мотивираност им покажува на своите вработени дека тие се столбот на компанијата и постојано ги мотивира, професионално развива и охрабрува да превземаат активности и сите заедно да стремат кон остварување на целите, градење на среќно семејство и успешна компанија.

KROSCHU Day 2015 (010)

Бидејќи креативноста е една од компетенциите која компанијата ја развива и промовира, таа постојано се обидува на креативен начин да ги изненади своите вработени. Така и оваа година по втор пат традиционално организираше забава за своите вработени Компанијта овој пат со промотивно видео кое се емитуваше на екраните низ компанијата и со топ модели кои продефилираа по костуми за капење и плакати низ производстевниот погон во сите 3 смени, дополнително ја подгреа жешката летна атмосфера и ги покани сите свои вработени да бидат дел од настанот кој се одржа на 8ми Септември во летната дискотека Позитив во Битола. Со тоа ја разбуди нивната љубопитност да бидат дел од настанот и да видат што изнедувања следуваат.

Вработените беа воодушевени од начинот на кој оваа компанијата ги покани и им посвети внимание и признаа дека таа постојано ги изненадува на уникатен и несекојдневен начин со што им ги разубавува работните саати поминати во компанијата.

Успехот се покажа на 8ми септември каде што на настанот присуствуваа околу 2000 луѓе кои уживаа во превкусната храна и пијалоци и се забавуваа на прекрасната музика за кои беа задолжени единствената и уникатна Јулија Мициевска и најголемиот шармер на македонската музичка сцена Бени НОН СТОП. Покрај тоа што вработените уживаа во убавата храна и музика, денот беше исполнет со многу изненадувања и наградни игри. На изненадувањата им немаше крај па така последниот час од настанот беше завршен со пена забава.

„Атмосферата и позитивната енергија која се чувствува не може да се опише, таа треба само да се доживее. Прекрасно изненадување и прекрасно поминат ден. Оваа забава беше една од најдобрите каде забавата, насмевките, ведрината и љубовта беа насекаде. Браво за тимот и компанијата!!“ – ова се дел од зборовите кои вработените и соработниците ги изјавуваа за време на настанот.

Менаџментот на компанијата им се заблагодари на сите гости и им посака на своите вработените да уживаат во убавата забава и да ја искористат оваа можност за повеќе да се запознаат и зближат, бидејќи КРОШУ семејството означува, блискост, посветеност и љубов. И како што и претхдоно повеќе пати имаа истакнато, менаџментот повторно потсети дека мотото кое ги води да градат успешна приказна е „ЌЕ ВЕ ПОБЕДИМЕ СО ЉУБОВ!“.

 

Препорачуваме

Партнери на Правдико