21 уапсен во полициска акција во четири скопски населби, запленети дрога и автомобили | Правдико

Правдико

   

21 уапсен во полициска акција во четири скопски населби, запленети дрога и автомобили

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Полицијата заплени поголема количина дрога, пари, автомобили и мобилни телефони во акцијата која ја спроведува во соработка со Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција од утрово во Грчец и Гази Баба, но и Чаир и Сингелиќ, велат извори од истрагата.

Досега се уапсени 21 лице, кои се наоѓаат во полициска станица. Претресите и заплените се направени во десетици куќи во овие четири скопски населби.

Уапсените ќе бидат предадени на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, по што, ќе бидат спроведени во кривичниот суд. Неофицијално, ќе се бараат и притвори за дел од осомничените.

Во акцијата беа вклучени специјалните единици на МВР, а станува збор за сузбивање на поголема група на луѓе кои се товарат за сериозен криминал меѓу што и нелегално тргување со дрога. Со оглед дека акцијата и натаму трае, детали за истата се најавуваат по нејзиното завршување.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико