22-годишник крадел алат и моторни пили од подруми во Скопје | Правдико

Правдико

   

22-годишник крадел алат и моторни пили од подруми во Скопје

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Дваесет и двегодишно момче крадело алат и моторни пили од подруми и гаражи од куќи во Скопје. Против него е поднесено обвинение за тешка кражба.

„Обвинетиот, на 27 и 28 септември, најпрвин од подрумска просторија во една куќа на улицата Карл Хрон во Скопје одзел алати и други предмети во вкупна вредност од 24.530 денари. Потоа обвинетиот 22-годишен скопјанец од подрум во куќа на улица Маџари украл моторна пила за сечење дрва вредна 30.000 денари, а од гаража на улицата Перо Наков украл моторна пила и бакарни шини во вкупна вредност од 34.000 денари“, соопштија од скопското обвинителство.

Ценејќи дека и натаму постои опасност од бегство на обвинетиот, а особено имајќи го предвид фактот дека се работи за лице што претходно е осудувано за кривични дела, надлежниот јавен обвинител до судот достави и предлог за продолжување на определената мерка притвор со цел да се овозможи непречено водење на кривичната постапка.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико