22 судии и универзитетски професори во Советот за реформи на судството
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Универзитетски професори и судии се дел од Советот за реформи кој треба да го реформира правосудниот систем во земјава. Решенија дека се дел од Советот за реформи во правосудството добиле и универзитетските професори Љубомир Фрчкоски, Мирјана Најчевска, Гордан Калајџиев, Борче Давитковски, Беса Арифи и Мерсим Максути.
Од домашните судови, пак, во редовите на новоформираниот совет се и судијката Наташа Габер Дамјановска од Уставниот суд, Фаик Арслани од Врховен, Бурим Сејдини како претседателите на Управниот суд – Сурим Сејдини, на Апелациониот во Гостивар – Шефајет Хајдари и на Основниот суд Скопје 2 или познат како граѓански – Илир Сујемани, Маргарита Цаца Николовска, поранешна судијка во Европскиот суд за човекови права и уште една поранешна судијка во Европскиот суд за човекови права, Мирјана Лазарова Трајковска.
Вкупниот број на членови изнесува 22, од кои 17 се надворешни експерти, а петмина се од редовите на министерството за правда. Првиот човек на оваа институција, министерот Билен Саљији е претседател на овој совет, а потпретседател е заменик-министерот за правда, Оливер Ристовски.
Формирање на Совет за спроведување на реформи во правосудството е една од точките која може да се прочита во планот за реформи на Владата, познат како 3-6-9. Токму во делот од планот посветен на судските реформи, власта се обврзува да изгради независен, непристрасен, професионален и ефикасен судски систем.
На краток рок, е предвидено дека ќе се направи целосна ревизија на Нацрт-Стратегијата за реформа на правосудниот систем, а потоа се очекува да следат и законски измени на среден и долг рок, кои ќе се однесуваат на законите за судскиот совет, за заштита на приватноста, за свиркачите и укажувачите итн.
Извор: Макфакс