23 години од атентатот врз Глигоров, истрагата сѐ уште трае
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.На 3 октoмври пред 23 години беше извршен атентат врз првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров.Тогашниот претседател го преживеа атентатот и со тешки повреди во пределот на главата беше пренесен во Ургентниот центар. Истрагата за извршителите и мотивите сѐ уште трае.
Нападот беше извршен со автомобил-бомба на 3 октомври 1995 година во 9:50 часот на улицата Македонија пред хотелот „Бристол“ во Скопје, кога Глигоров со службено возило се движеше од неговата резиденција кон Собранието.Во автомобил „цитроен ами 8“ биле скриени 20 килограми експлозив, активиран од дистанца.
Во експлозијата загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов, а беа повредени и Климе Коробар и Јован Атанасовски.
По атентатот беше отворена истрага од страна на МВР, во која беа вклучени и безбедносните служби на САД, Германија и Англија. Според истражните органи, истрагата била обемна со претрес на повеќе десетици илјади луѓе, возила и објекти. Беше објавен и фоторобот на еден од осомничените, но сето тоа не даде резултат.
За обидот за атентат врз него, Глигоров напишал и автобиографска книга „Атентат – ден потоа“, што ја промовираше во 2002 година. Глигоров почина на 1 јануари 2012 година. Беше првиот претседател на Македонија од нејзиното осамостојување во 1991 до 1999 година.
Извор: Макфакс