23 лица обвинети за крвавиот четврток во Собранието празниците ќе ги поминат во Шуто Оризари
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, постапувајќи по предлогот за продолжување на мерката притвор и мерката куќен притвор за 29 лица, а во врска со настаните од Собранието на Р Македонија од 27 април, донесе решенија со кои го прифати предлогот на обвинителството.
Советот донесе одлука Владо Јовановски, Игор Дуловски, Богдан Илиевски-Бетмен, заедно со Мумир Пепиќ од Агенцијата за разузнавање, Оливер Радулов, кој работел како агент во УБК, и Сашо Марковски, празниците да ги поминат во притвор. Во притвор ќе останат и прилепчанецот Јане Ченто, заедно со Душко Лазаров, кој бил дежурен во оперативниот штаб. Вработената во Кабинетот на поранешниот претседател Елена Доцевска-Божиновска е меѓу лицата за кои судот одлучи да им го продолжи притворот. Меѓу оние кои остануваат зад решетки се и пратениците Љубен Арнаудов, Крсто Муковски и Сашо Василевски. Приворот е продолжен за нови 30 дена.
Куќен притвор добија пратеникот Јохан Тарчуловски и пратеничката Жаклина Пешевска.
Против овие решенија дозволено е право на жалба до Апелациониот суд во рок од 48 часа по приемот на решенијата.
К. Л.
Извор: Макфакс