24 држави пред колапс: Кон банкрот одат Македонија, Црна Гора и Хрватска | Правдико

Правдико

   

24 држави пред колапс: Кон банкрот одат Македонија, Црна Гора и Хрватска

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Експертите од Центарот за истражување на глобализацијата од Канада тврдат дека освен Грција, уште неколку земји се соочуваат со драматична криза, а меѓу нив е и Македонија и неколку земји од регионот, пренесува српски Курир.

Светската јавност веќе со недели е фокусирана исклучиво на драматичната економска криза во Грција, но од вид е испуштен фактот дека, освен оваа земја на југот од Европа, банкротот само што не погодил уште 24 држави, меѓу кои и Македонија, Хрватска и Црна Гора.

Тоа го покажа најновата анализа на канадската невладина организација, Центарот за истражување на глобализацијата во Квебек, чии експерти предупредија дека износот на долгот на сите економии на Земјата според БДП достигнал историски рекорд од 286 проценти.

Тоа, според нив, значи дека секој жител на нашата планета во овој момент должи неверојатни 28.000 долари. Бидејќи речиси половина од вкупната популација во светот дневно живее со помалку од 10 долари, јасно е дека тој долг никогаш нема да биде вратен, а каква ситуација ги очекува најзагрозените земји, ќе се дознае за само неколку години, тврдат канадските аналитичари.

„Единствено можно решение во постојниот систем е плаќањето да се одложува се додека пирамидата од долгови самоиницијативно не се сруши“, сметаат експертите од овој центар и додаваат дека Грција е пример на земја која акумулирала толкав долг, од кој излез речиси не постои.

„Другите европски земји се обидуваат да пронајдат начин Грција трет пат да се извлече, но тоа е исто како долгот од една кредитна картичка да го отплаќате со друга. Виртуелно, сите во Европа се „дават“ во долгови. Државите никогаш во историјата не должеле толку пари, а секој ден тој износ се зголемува“, нагласија тие.

Покрај 24. земји кои веќе се соочуваат со потенцијален банкрот, меѓу кои е и Македонија и две од регионот, уште 14 држави драматично се приближуваат кон економски колапс.

„Ништо поинаку не е ниту во Азија. Според Блумберг, кинескиот долг е на историски рекорд и рапидно се приближува кон износот од дури 300 проценти од БДП. Во Јапонија ситуацијата е уште потешка бидејќи нивниот долг достигнува неверојатни 230 проценти“, наведоа од канадскиот истражувачки центар.

Тешка ситуација во финансиски најзагрозените земји во регионот:

Хрватска
54,4 милијарди евра изнесува надворешниот долг
68 проценти од БДП изнесува тој долг
4,5 милиони жители
259,324 неврботени

Македонија
6,1 милијарди евра јавен долг
68,68 проценти од БДП е надворешниот долг
2,1 милион жители
265,370 невработени

Црна Гора
1,94 милијарди евра изнесува јавниот долг
69 проценти од БДП е надворешниот долг на оваа земја
621.000 жители
47,600 невработени

Според канадските експерти на економиите на овие држави им се заканува целосен крах:

– Ерменија
– Белизе
– Костарика
– Хрватска
– Кипар
– Доминиканска Република
– Ел Салвадор
– Гамбија
– Грција
– Гренада
– Ирска
– Јамајка
– Либан
– Македонија
– Маршалски Острови
– Црна Гора
– Португалија
– Шпанија
– Шри Ланка
– Свети Винсент и Гренадини
– Тунис
– Украина
– Судан
– Зимбабве

Извор: еМагазин

Препорачуваме

Партнери на Правдико