25 најбизарни судски случаи | Правдико

Правдико

   

25 најбизарни судски случаи

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Нареден пат кога ќе бидете излажени од реклама или временска прогноза на телевизија, не се двоумете – тужете ја телевизијата! Нема да бидете првите. Ова се најчудните и најекстремните судски случаи.

1423000891972.cached

1. Затвореник кој бил ставен во самица бил бесен откако не му бил даден неговиот бесплатен дезодоранс. Тој ја судел затворската администрација, но подоцна случајот бил отфрлен.

2. Роберт Ли Брок бил затвореник во Вирџинија во 1995 година. Тој сакал да биде преместен во ментална институција. За да го овозможи ова, тој одлучил да се тужи себеси за 50 милиони долари, тврдејќи дека извршил криминално дело додека бил под дејство на алкохол. Но, случајот бил отфрлен и тој не бил преместен.

3. Во 1999 година, еден човек со име Даниел Дкујс го загубил животот откако бил нападнат од кит во „Морски свет“. Неговиот најголем сон бил да плива со кит, па тој се скрил од обезбедувањето за да може да остане во паркот по затворањето. По неговата смрт, неговите родители го тужеле паркот бидејќи не поставиле јавни предупредувања дека китовите може да убијат.

4. Питер Велис се развел од својата сопруга и не сакал да плаќа надомест. Затоа, тој ја тужел за кражба на сперма, тврдејќи дека таа не му кажала дека користела пилули против бременост.

5. Во 2002 година, Едвард Бруер барал оштета од 2 милиони долари од страна на болница тврдејќи дека обезбедувањето не го спречило во силувањето на еден од пациентите во болницата.

6. Кара Валтон сакала да влезе во ноќен клуб преку прозорецот во бањата за да не плати влез. Таа паднала на подот и ги скршила предните заби при падот. На крајот, жената добила 12.000 долари од дискотеката и сите трошоци за поправање на забите и’ биле покриени.

7. Павел М., романски затвореник, отслужувал казна од 20 години во затвор за убиство кога го тужел Господ затоа што не успеал да го заштити од влијанието на ѓаволот. Случајот бил отфрлен.

8. Теренс Диксон влегол во куќа и се обидел да излезе низ гараѓата. Вратата од гаражата не функционирала добро, па тој се обидел да излезе низ куќната врата. Некако, тој се заклучил во гараѓата и морал да остане таму осум дена бидејќи сопствениците на домот биле на одмор. Тој барал оштета од 500.000 долари од сопствениците тврдејќи дека страдал од тешка депреција и ментално оштетување за случката.

9.  Кејти Кели, дијабетичарка, го тужела градот Минесота откако се лизнала во фонтаната во еден парк во градот и добила инфекција на раната која ја добила поради нејзината здравствена состојба. Нејзиниот пад бил предизвикан од фрлено средство за чистење во фонтаната неколку часа порано. На крајот, таа добила 125.000 долари оштета и 43.000 долари за покривање на медицинските трошоци.

10.Жена која за време на сообраќајна несреќа предизвикала смртен случај на една личност ја тужела вдовицата на својата жртва тврдејќи дека била психолошки шокирана од сведочењето на смртта на нејзиниот сопруг.

11.Еден адвокат од јужна Калифорнија ја тужел телекомуникациската компанија откако неговото име било ставено во телефонскиот именик на компанијата под „Рептили“. Тој барал оштета од 100.000 долари.

12. Петси Ен Бајерс останала парализирана во 1995 година откако Сара Едмондсон и Бенџамин Дарус тргнале во криминална акција откако го гледале вилмот „Natural born killers“. Семејството на Бајерс ги тужеле режисерот и продуцентите на филмот.

13. Кети Мекгован од САД победила на натпревар организиран од локално радио откако одговорила точно на едно прашање. Таа требало да добие автомобил како награда, но кога пристигнала во радиото добила автомобил-играчка. Таа го тужела радиото и добила 28.000 долари.

14. Во 1992 година, една жена од Албакерки купила кафе од „Мекдоналдс“. Таа сакала да додаде млеко и шеќер во нејзиното кафе, па ја ставила чашата помеѓу нејзините нозе. Кафето се истурило на нозете додека се обидувала да го направи тоа и го обвинила ресторанот за инцидентот, тврдејќи дека кафето кое го продавале било премногу жешко за да биде безбедно.

15. Во 2009 година, Трина Томпсон од Њујорк барала оштета од 72.000 долари од колеџот „Монро“ откако не успеала да најде добра работа месеци по завршувањето на студиите. Таа барала да и’ се вратат парите кои ги дала за школарина.

16. Додека поминувале низ приватен имот, Џефри Клајн и Брет Бирдвел се изгориле кога допреле струјна жица. Тинејџерите го тужеле сопственикот на домот и добиле 24,2 милиони долари.

17. Во 2000 година, Клинти Питерс барал оштета од 14.000 долари од „Universal studios“, тврдејќи дека страдал од страв и ментален стрес откако ја посетил куќата на чудовиштата во студиото.

18. 27-годишен човек од Њујорк ги тужел „Subway“ откако пронашол ноќ во лепчето од сендвичот. Тој барал оштета од 1.000.000 долари.

19. Кристофер Ролер ги тужел Дејвид Блејн и Дејвид Коперфилд поради прекршување на физичките закони и барал од нив да ги откријат своите трикови.

20. Една полицајка пробувала долен веш кога еден дел од облеката одлетал во нејзиното око. Таа ги тужела „Victoria’s secret“ поради тоа.

21. Група волонтери на ПЕТА присуствувале на протест за одбрана на правата за живот на елените, после кој двајца членови удриле елен. Иронично, ПЕТА ги тужело властите за направената штета велејќи дека настанот се случил поради лошата програма за чување на елените.

22. Во 2001 година, Линда Сандерс и останатите семејни членови на жртвите во масакрот во колумбиско средно училиште тужеле 25 дизајнери на видео игри, тврдејќи дека доколку не биле нивните игри, масакрот не би се случел.

23. Еден маж од Сан Диего ја тужел општината поради страдање откако видел жена во машкиот тоалет на концерт одржан во градската сала.

24. Повеќето луѓе се свесни дека временската прогноза не е 100% точна. За жал, ова не било случајот со една израелска жена која тужела телевизиска станица за погрешната временска прогноза. Имено, таа добила настинка откако не била доволно облечена бидејќи временската прогноза предвидувала убаво време, но имало дожд.

25. Ричард Овертон се жалел дека рекламите на „Anheuser-Busch“ биле лажни бидејќи на нив имало прекрасни жени кои се појавувале пред мажите кои возеле камиони. Тој се жалел дека страдал од емоционален стрес и ментални проблеми поради лагата во рекламите. Случајот бил отфрлен.

Автор: Драгана Петрушевска

–ПРАВДИКО–

Препорачуваме

Партнери на Правдико