30 дена притвор за 5 лица уапсени во полициската акција ,,Брана" | Правдико

Правдико

   

30 дена притвор за 5 лица уапсени во полициската акција ,,Брана”

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

child_arrest_2416186bСудија на претходна постапка од Одделението за орханизиран криминал и корупција постапувајки по предлогот на ОЈО на организиран криминал и корупција за определување на мерката притвор против 5 лица опфатени во полициската акција „Брана“ и обвинети за делото „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, по сослушување на лицата во однос на предлогот донесе решение со кое го прифати предлогот и определи 30 дневен притвор против истите лица.

Досега во рамки на криминалистичко истражување „БРАНА“, во текот на 2015 и 2016 кривично пријавени и лишени од слобода се вкупно 30 лица при што запленети се над 4 килограми марихуана, семки  од растението Canaabis Sativa, 75 таблети екстази, над 9 грама кокаин, таблета МДМА и 1,6 мл масло од Хашиш за што се поднесени 10 кривични пријави. Притоа досега е пријавен полициски инспектор, јавен обвинител и директор на општа болница. Криминалната група делувала на територијата на Свети Николе, Штип, Кочани, Битола, Гостивар и Скопје.

Поради карактеристиките на криминалната група, за која постојат основи на сомневања дека има висок степен на коруптивно влијание и силна внатрешна поврзаност, од страна на надлежните институции ќе се продолжи со криминалистичкото истражување со цел обезбедување на дополнителни материјални докази и идентификување на други лица членови, а воедно се продолжува и со финансиската истрага.

Препорачуваме

Партнери на Правдико