30 дена притвор за осомничениот за убиството на 19 годишното момче | Правдико

Правдико

   

30 дена притвор за осомничениот за убиството на 19 годишното момче

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

child_arrest_2416186bВо Основниот суд Скопје 1 –  Скопје , вчера вечер беше спроведено лицето А.А. осомничено за делото „Тешка телесна повреда“ (со смртни последици) од чл.131 ст. 4 од КЗ, со предлог од ОЈО Скопје за определување мерка притвор.

Судија на претходна постапка по разгледување и ценење на фактите и доказите приложени  во предлогот на обвинителството, донесе одлука да го прифати предлогот и определи мерка 30 дневен притвор.

Имено на 03.01.2016 година во 19.30 часот во ЕИК-Скопје, од ГОБ било пријавено дека кај нив биле донесени две лица со повреди. Едното било со лесни повреди и по укажаната помош било пуштено на домашно лекување. Другото лице било во критична состојба. Се работи за лицето Л.А. на возраст од 19 години, со повреда нанесена од нож во пределот на градите. Во 20.15 часот, Л.А. им подлегнал на повредите.

Препорачуваме

Партнери на Правдико