30 дена притвор за уапсените од акцијата во с. Ваксинце | Правдико

Правдико

   

30 дена притвор за уапсените од акцијата во с. Ваксинце

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sudii-5002Во Основниот суд Скопје 1 – Скопје, пред судија на претходна постапка, вчера беа спроведени 4 лица, државјани на Р.Македонија, приведени во полициската акција во с. Ваксинце, со предлог од Основното јавно обвинителство за организиран криминал, за определување на мерка притвор заради основано сомнение дека го сториле кривичното дело Крумчарење мигранти.

Судијата на претходна постапка по ценење на фактите и доказите приложени во предлогот на обвинителството за определување на мерка притвор, оцени дека се исполнети условите кои произлегуваат од одредбите од Законот за кривична постапка и на две лица осомничени за кривичното дело Криумчарење мигранти од член 418 – б ст.4 в.в ст.2 и ст.1 од КЗ им одреди мека притвор во траење од 30 дена, додека на другите две лица осомничени за кривичното дело Криумчарење мигранти од член 418 – б ст. 2 в.в ст. 1 од КЗ им одреди мекра пртивор во траење од 8 дена.

Препорачуваме

Партнери на Правдико