30 дневен притвор за началникот на петта управа на МВР Горан Груевски | Правдико

Правдико

   

30 дневен притвор за началникот на петта управа на МВР Горан Груевски

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Судија на претходна постапка изрече мерка притвор во траење од 30 дена на првоосмничениот во акцијата „Тврдина“, Горан Груевски, инаку началник во управата за безбедност и контраразузнавање.

131803

Судот вчера го одби барањето на специјалното јавно обвинитлство за претрес во домот на Груевски, кој се сомничи за уништување на опремата за прислушкување на МВР, но денеска тој околу 13 часот заедно со своите адвокати пристигна на распит во Кривичниот суд. Распитот траеше околу 9 часа, а неговите адвокати го напуштија судот околу 21 часот и 15 минути, накратко соопштувајќи дека распитот е завршен и се очекува судот да донесе одлука како ќе постапи по барањето за притвор на специјалното јавно обвинителство. А околу 22 часот и 30 минути беше забележано зголемено присуство на единиците „Алфи“ кои дваесетина минути подоцна го спроведоа со лисици.

За останатите осомничени не беше побаран притвор. Наместо тоа, второ четврто и петтоосомничените им беа изречени мерки за претпазливост, односно забрана за напуштање на престојувалиште, одземање на патна исправа и обврска за јавување во судот за потврда на присуство. Истите мерки освен последната и беа изречени и на третоосомничената Гордана Јанкуловска, поранешен министер за внатрешни работи, која се сомничи за злоупотреба на службена положба. Затворската казна за ова дело изнесува од 5 до 20 години.

Извор: 24 Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико