300 евра казна доколку на работникот не му е исплатена минималната плата | Правдико

Правдико

   

300 евра казна доколку на работникот не му е исплатена минималната плата

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

29668bf6-d439-48b6-8004-0d01c1e46850-pariСпоред член 32 став 2 од Уставот на Република Македонија секој вработен има право на соодветна заработувачка. Во член 107 од Законот за работните односи (“Службен весник на Република Македонија” бр.158/2010), утврдено е дека платата на работникот за работа со полно работно време не може да биде пониска од минималната плата утврдена според закон и колективен договор.

Контрола на пресметката и исплатата на минималната плата кај работодавачите ја врши Државниот инспекторат за труд, доколку работодавачот исплати нето плата пониска од минималната плата, глоба во износ од 300 евра, во денарска противвредност за секој работник на кој не му е исплатена минимална плата, согласно закон, ќе му се изрече за прекршок на работодавач, по констатирана состојба за исплатена плата под минимална плата утврдена според одредбите на овој закон.

Со предлог измените се утврдува глоба во износ од 300 евра, во денарска противвредност за секој работник, а ќе му се изрече за прекршок на работодавач, по констатирана состојба за исплатена плата под минимална плата утврдена според одредбите на овој закон, како и постапката за порамнување, согласно со овој закон и Законот за прекршоците.

Предлог измените можете да ги превземете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико