Правдико

   

32,5 килограми марихуана фатени на граничниот премин Блаце

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

marihuana-5На граничниот премин Блаце царинските инспектори од Одделението за оперативни работи спречија обид за шверц на 32,5 килограми марихуанa.

На 2 декември 2016 година, околу 20:00 часот на влез во Република Македонија на граничниот премин Блаце, пристигнало патничко моторно возило марка „Chraysler Voyager“ со шведски регистарски ознаки, управувано од лицето А.Т. државјанин на Кралството Шведска.

На прашање  на царинските  инспектори „дали има нешто да пријави за царинска контрола“, осомничениот одговорил дека нема ништо за пријавување.

Царинските инспектори се посомневале во одговорот и пред да пристапат кон детална  контрола на возилото, го искористиле царинското куче кое детектирало присуство на наркотична дрога во возилото.
marihuana-blace-2При  прегледот на возилото, во специјално конструиран простор наменет за пренесување на дрога, затворен со метален поклопец, биле пронајдени вкупно 61 пакување наполнети со наркотична дрога марихуана со  тежина од околу 32,5 кг. Помеѓу опаковките било истурено кафе и ориз, додека бункерот бил премачкан со непозната течност, со намера да се прикрие миризбата на марихуаната.

Осомничениот за паричен надомест од 10.000 евра, со лица од Албанија се договорил да пренесе поголема количина на наркотична дрога од Тирана-Албанија за Малме – Шведска. Вредноста на запленетата марихуана на западно европскиот нарко – пазарот би достигнала цена од околу 100.000 евра.

Против сторителот, Царинската управа поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори“ до надлежното јавно обвинителство .

Партнери на Правдико