Дадајев тврди дека е присилен да го признае убиството на Немцов | Правдико

Правдико

   

Дадајев тврди дека е присилен да го признае убиството на Немцов

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Заур Дадајев, обвинет за убиството на рускиот лидер  на опозицијата Борис Немцов, пред судот изјави дека тој бил подложен на тепање и притисок за да ја признае вината.

634975

Од петте уапсени за убиството на Немцов на 27 февруари, Дадајев е единствениот кој, според судиите и истражителите, го призна убиството.

“Непознати луѓе ме киднапираа на 5 март. Не знам каде ме чуваа, но бев уапсен дури на 7-ми март”, изјави Дадајев за време на сослушувањето, за новинската агенција Интерфакс.

Дадајев исто така изјави дека пред да биде уапсен “, му било кажано што и како да каже”.

На претходната расправа Дадајев се  изјасни дека не е виновен во судот и подоцна го повлече признанието дадено на истражителите. Еден активист за човекови права кој го посетил во притвор минатиот месец соопшти дека телото на обвинетиот било со видливи знаци на тортура.

Неговиот адвокат, Иван Герасимов, изјави дека Дадајев пред апсењето, незнаел ни дури кој е Немцов. Судот во Москва вчера го продолжи притворот за уште еден месец, пренесува АП.

Извор:Танјуг

Препорачуваме

Партнери на Правдико