40 возачи казнети за брзо возење
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле четири сообраќајни незгоди, од кои една со тешки телесни повреди, две со лесни телесни повреди и една со материјална штета. Во сообраќајните незгоди едно лице добило тешки телесни повреди и три лица добиле лесни телесни повреди.
Од преземените мерки и активности констатирано е дека 40 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 14 возачи, од кои 13 поради тоа што управувале моторно возило под дејство на алкохол и еден возач затоа што бил возач почетник. Исто така, исклучени од сообраќај биле и 17 возила затоа што 15 биле нерегистрирани, едно поради истечена важност на сообраќајната дозвола и едно возило бидејќи било технички неисправно. Во текот на изминатите денови издадени се 120 мандатни платни налози, а 44 возила се подигнати со специјално возило „пајак“.
Извор: Макфакс