43 ексвработени во телевизијата „Нова“ на судско рочиште за барањето за стечај | Правдико

Правдико

   

43 ексвработени во телевизијата „Нова“ на судско рочиште за барањето за стечај

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основниот суд Скопје 2 преку стечајната судијка Ирена Петрушевска на 22 јуни закажа рочиште пред отворање стечај за телевизијата на Сеад Кочан, „Нова“. 43 поранешни вработени како доверители, кои го бараат стечајот, бараат да им бидат исплатени сите плати и придонеси. На барањето е потпишана и урендичката Анита Петровска-Рајковиќ. За привремен стечаен управник е определна Христина Јоновска, која треба да го заштити имотот на должникот со сите средства до донесувањето одлука за отворање стечајна постапка. Вработените се надеваат дека ќе се договорат со раководството за исплата на заостанатите плати, без да биде отворена стечајна постапка.

Пред повеќе од еден месец беше отворена претстечајна постапка за ТВ „Нова“. Стечајот го поведе кабелскиот оператор „Роби Телекабел“ како еден од доверителите. Од менаџментот тогаш тврдеа дека кабелскиот оператор спроведува цензура. Телевизијата веќе неколку месеци емитува стара програма. Десетина новинари одамна заминаа од телевизијата поради неколку неисплатени плати. Сопственикот на телевизијата, Сеад Кочан, е обвинет во случајот „Труст“ на специјалното јавно обвинителство за кого набргу се очекува пресуда.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико