47-годишна гостиварка злоупотребила фотографии на малолетничка од „Фејсбук“ | Правдико

Правдико

   

47-годишна гостиварка злоупотребила фотографии на малолетничка од „Фејсбук“

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

47-годишна гостиварка во неколку наврати преземала фотографии од малолетничка на Фејсбук ги прикачувала на нејзиниот личен профил и на тие фотографии додавала недолични коментари соопшти МВР.

Од таму дообјаснуваат дека, Обвинителството во Гостивар повело постапка против 47-годишната гостиварка за која постои основано сомнение дека го сторила кривичното дело – Злоупотреба на лични податоци казниво по Кривичниот законик.

Осомничената без согласност, на 14 и 15 мај 2021 година, во неколку наврати преземала фотографии од „Фејсбук“ профилот на малолетната ќерка на оштетената и ги прикачувала на нејзиниот личен прифил. На така преземените фотографии додавала недолични и лажни коментари, коишто предизвикале чувство на омаловажување кај оштетената и нејзината ќерка.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико