5то издание на неповторливата предновогодишна забава за вработените во КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола, овој пат за 3000 вработени – бројка која навистина вреди да се прослави | Правдико

Правдико

   

5то издание на неповторливата предновогодишна забава за вработените во КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола, овој пат за 3000 вработени – бројка која навистина вреди да се прослави

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Веќе се навикнавме на сите забави кои КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола ги организира за своите вработени, но сигурни сме дека иновативниот дух на организацискиот тим никогаш не спие.

picture3

На 23. Декември беше повторно организирана предновогодишната забава во познатиот, а воедно и најголем ресторан во Битола Гранд ПРЕМИЕР каде што сите вработени или членови на големото КРОШУ семејство, како што велат тие самите, се забавуваа и прославуваа за уште една успешно завршена година. Многу нови проекти, како и тие кои успешно беа завршени во 2016та година, беа доволна причина за прослава и подготвување за новите предизвици со позитивна енергија за Новата 2017 година. Тимот на КШМК уште еднаш, по којзнае кој пат, ги изненади своите вработени со настап кој тие искрено „не ни помислувале дека ќе се случи“. Имено, дел од менаџерскиот тим облечени во костуми инспирирани од новогодишната магија, подготви поворка која продефилира меѓу сите вработени и им измами насмевка на безмалку сите присутни во салата на овогодишната „КРОШУ куќичка на радоста“.

„Секоја година и на секоја забава има нешто иновативно и крајно неочекувано од страна на нашите менаџери, така да повеќе не знаеме какво изненадување да очекуваме. Искрено се откажавме од погодување што може да биде изненадувањето бидејќи навистина се непредвидливи“ – изјави една од вработените кои беа присутни во салата.

Но тоа беше само почеток. Откако групата „Деспина“ ја отвори музичката програма и ги развесели присутните со староградски традиционални песни, вистинско уживање за око и уво беше настапот на популарната Наташа Беквалац. Вработените скоро и да не
сакаа да си заминат по завршувањето на забавата бидејќи позитивната енергија се чувствуваше „до кај Саатот“ – што би рекле битолчани.

„Веќе сме повеќе од 3000 вработени со тенденција оваа бројка уште повеќе да се зголемува и ќе направиме сѐ за нашите вработени да се чувствуваат како дел од едно семејство. Секој сака да припаѓа некаде и не доаѓаме на работа само да изработиме 8 часа и да се вратиме дома. Ние навистина сакаме да поминуваме време заедно“ – беше дел од изјавата која ја даде еден од членовите на менаџментот.

Исто така во тек е изградба на екстензијата на производствениот погон за новите проекти за кои е планирано да се вработат дополнителни 1500 вработени. „Нашето големо КРОШУ семејство постојано расте, а со тоа се докажува и квалитетот на нашата работа кој е признаен од нашите клиенти, како и од централата на групацијата КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ. Возбудени сме за новите предизвици, за новиот почеток и ќе направиме сѐ за оваа успешна КРОШУ приказна да продолжи и понатаму“ – велат од менаџерскиот тим на КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола.

Галерија:

Препорачуваме

Партнери на Правдико