Правдико

   

Предложени измени во Законот за судска служба

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со цел да се обезбеди професионален и ефикасен систем на судска служба, во 2014 година донесен е Закон за судска служба, во кој се уредени статусот и одредени статусни прашања, правата, обврските, одговорностите, како и системот на плати и надоместоци на плати на судските службеници. Законот истовремено значеше и усогласување со донесените Закон за вработените во јавниот сектор и Законот за административни службеници.

Согласно Законот за административни службеници судските службеници имаат статус на административни службеници, кои поради специфичноста на работите кои ги извршуваат во својот материјален закон одредени постапки можат да уредат на поинаков начин од утврдениот во Законот за административните службеници.

Меѓутоа, имајќи ги во предвид спецификите на работите и работните задачи што ги извршуваат вработените во судската администрација, примената на Законот за судска служба, покажа и некои недостатоци кои се одразија на целосната примена на Законот.

Потешкотиите во спроведувањето на одредбите од Законот особено се однесуваат во постапките на вработување преку јавен оглас и унапредувањето на судските службеници преку интерен оглас. Исто така, увидени се одредени празнини и непрецизности, кои влијаат врз целосното спроведување на постапките за вработување и оценување на судските службеници.

Постапката за вработување покрај своите предности во изборот на најдобриот кандидат содржи и делови кои само ја усложнуваат постапката за селекција, како што е случајот со делот од испитот во кој преку тест за личност се врши проверката на соодветноста на кандидатот за работното место за кое аплицирал. Исто така, се покажа дека утврдените посебни услови што се однесуваат на поседување на меѓународно признати сертификати за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски и германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење не се гаранција за избор на најкомпетентните судски службеници.

Целиот текст на предлог измените можете да го погледнете ТУКА

Партнери на Правдико