66 илјади евра ќе потроши Врховен за Системот за електронска распределба на предметите – АКМИС | Правдико

Правдико

   

66 илјади евра ќе потроши Врховен за Системот за електронска распределба на предметите – АКМИС

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Друштвото за информатички инженеринг „Неоком“ АД увоз-извоз Скопје за сума од 4.093.265 денари со вклучен ДДВ, или околу 66 илјади евра, ќе треба да обезбеди годишна софтвер-претплата, постгаранцискa и тековнa поддршка на хардверската и системската инфраструктура за функционирање на ACCMIS-системот во судовите на Република Македонија и Судскиот совет на РМ. Периодот за кој се однесува договорот е 12 месеци. Одржувањето треба да заврши в година.

Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, неодамна потврди дека Автоматизираниот систем за управување со судски предмети, платен од Американците, кој ги распределува и предметите на Специјалното јавно обвинителство, а чии предмети паѓаа кај едни исти судии, не се одржува подолго време откако поранешната фирма за одржување се повлекла пред една година.

Владиниот план 3-6-9 во делот за итните судски реформи предвидува спроведување контрола и увид во системот за управување со судски предмети (АКМИС) за утврдување евентуална злоупотреба и одговорност на судиите. АКМИС-системот е воведен во 2010 година со пари од УСАИД.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико