Правдико

   

Семинар: Практични аспекти на плаќањето на работата со осврт на новините во трудовото законодавство

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Еднодневна работилница на тема:

ПРАКТИЧНИ АСПЕКТИ НА ПЛАЌАЊЕТО НА РАБОТАТА СО ОСВРТ НА НОВИНИТЕ ВО ТРУДОВОТО ЗАКОНОДАВСТВО ВО ПОГЛЕД НА НАДОМЕСТОЦИ НА ПЛАТА И НАДОМЕСТОЦИ НА ТРОШОЦИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТАТА

17.10.2018 година (среда)
10:00-16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Стопанската комора на Македонија, на 17 октомври 2018 година, организира еднодневна работилница на тема: Практични аспекти на плаќањето на работата со осврт на новините во трудовото законодавство во поглед на надоместоци на плата и надоместоци на трошоци поврзани со работата“, во насока на стекнување практични знаења за законодавната уреденост на едно од најспецифичните прашања од областа на трудовото право: плаќањето на работата.

Еднодневната работилница својот фокус ќе го стави на повеќе прашања од оваа област, при што обработени ќе бидат: соодветната пресметка на платата со сите нејзини компоненти, надоместоците на плата по основ на боледување и по основ на годишен одмор, надоместоците на трошоците поврзани со работата, порамнувањето и задржувањето на исплаќањето на платата. Посебен осврт ќе биде направен и на Законот за минималната плата и новините кои се однесуваат на нејзиниот раст.

Работилницата има за цел да им овозможи на присутните лесно да ги применуваат позитивните прописи од оваа област во своето работење, при што ќе се обезбеди двократна правна заштита: како за работодавачите, така и за работниците. Дополнително, правилната и правноиздржаната примена на законските одредби ќе придонесе кон избегнување на ризикот од изрекување  глоба при инспекциски надзор.

Повеќе информации ТУКА

Партнери на Правдико