75-годишна жена осомничена за пожар во Македонски Брод | Правдико

Правдико

   

75-годишна жена осомничена за пожар во Македонски Брод

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Македонски Брод до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против С.Б. (75) од Скопје, поради постоење основано сомнение дека предизвикала пожар.

„С.Б на 16. овој месец околу 09 часот во нејзина нива лоцирана на место викано „Ограда“ атар на село Волче, општина Македонски Брод запалила суви дрва – гранки од цреша, со намера наведеното место да го исчисти од гранките, откако ги запалила гранките и огнот почнал да гори, пријавената го напуштила местото и си заминала во нејзината куќа во село Волче. По десетина минути од запалениот оган настанат е пожар кој се проширил западно од местото каде бил предизвикан, односно во правец на куќите од село Волче зафаќајќи тревната површина, дрва, гранки, а поради временските неприлики – многу жешкото време и силниот ветер – огнот се проширил на голема површина со неможност за контролирање“, информираат од МВР.

Од предизвиканиот пожар целосно изгореле една куќа, една плевна и делумно се опожарени кровни конструкции на уште една куќа и една викендичка во атарот на село Волче.

Извор: Мета

Препорачуваме

Партнери на Правдико