Научете нешто во врска со правото на здружување | Правдико

Правдико

   

Научете нешто во врска со правото на здружување

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

greveПравото на здружување им дозволува на поединците да се организираат и да се здружат со цел дејствување заради остварување на заеднички интереси како што се политика, спорт, култура, хуманитарни цели и сл. Не секое здружување влегува под заштита на МПГПП и ЕКЧП, туку само она кое има организиран или институципнален карактер, за кое може да се каже дека некој припаѓа или со чија активност и цел некој може да се поврзе. 

Мошне значајно е тоа дека концептот на здружување, согласно со ЕКЧП, има автономно значење, поточно независно од неговото дефинирање во наципналното право .

Европскиот суд, преку практиката, по членот 11 пд ЕКЧП има усвоено една поширока дефиниција во врска со тоа штo се` влегува во опсегот на ова право. Правото на формирање и организирање во синдикални организации влегува во опсегот на заштита на правото на здружување. Ова право вклучува позитивна обврска на државата за заштита, преку соодветни законски интервенции, на синдикалните права на рабптниците во приватниот сектор, како и на оние вработени во јавната сфера.

Иако единствено синдикалните организации се експлицитно наведени во член 11 пд ЕКЧП, судот јасно ставил до знаење дека во принцип ниту една форма на здружување не се исклучува по заштита на член 11. Посебно, во неколку предмети, судот утврдил дека политичките партии, како форма на здружување со цел остварување на политички цели, играат неспорно голема улога во едно демократско општество, па затоа и тие спаѓаат во доменот на дефиницијата “здружување” заштитено со член 11 од ЕКЧП.

Кратенки:

МПГПП – Меѓународен пакт за граѓанските и политичките права

ЕКШП – Еврппска кпнвенција за чпвекпвите права

Извор: Институт за човекови права

 

Препорачуваме

Партнери на Правдико