Кампања за подигнување на свеста за купување преку интернет „#SellSafe“ | Правдико

Правдико

   

Кампања за подигнување на свеста за купување преку интернет „#SellSafe“

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Како безбедно да купувате преку интернет за време на овие новогодишни празници и да ги надмудрите криминалците кои ќе се обидат да го злоупотребат купувањето?!

Новата кампања за подигнување на свеста се фокусира на Е-трговците пред претстојниот „сајбер викенд“.

Најголемата малопродажна сезона во годината само што не пристигнала, а вие не морате ни да го напуштите домот за да учествувате во неа.

Но не мораат ни криминалците.

Лесниот дизајн на веб-страниците, зголемениот сообраќај на социјалните мрежи и практичноста направија купувањето и продавањето на производи преку интернет да биде столб на модерното шопинг искуство. Пандемијата со КОВИД-19 натера уште повеќе купувачи да го користат интернетот за купување. За бизнисите, овој тренд истовремено претставува предизвици и значајни можности. Поголемата продажба и поголемиот сообраќај значат и поголем приход. Но исто така значат и позачестени измами бидејќи криминалците имаат уште повеќе можности да украдат како од потрошувачите, така и од трговците. Па, како треба да се подготват трговците на мало?

Кампања за подигнување на свеста „#SellSafe“

Преку кампањата за подигнување на свеста која започна денес, органите за спроведување на законот од 16 земји се здружија со Европскиот центар за компјутерски криминал на Европол  и Советот заштита на трговците од ризик (Merchant Risk Council) за да споделат практичен совет како да се надмудрат криминалците кои се обидуваат да го злоупотребат купувањето преку интернет.

Оваа кампања се спроведува под покровителство на Акцијата за е-трговија за 2020 година (eComm 2020) предводена од Европол и австриската Служба за криминалистчко разузнавање (Bundeskriminalamt). Овогодишната кампања особено се фокусира на е-трговците, помагајќи им подобро да откријат измама на нивните платформи и оспособувајќи ги да преземат чекори за заштита на својот бизнис и на клиентите од вакви напади.

Органите за спроведување на законот, како и клучните малопродажни партнери ќе ги споделуваат пораките од кампањата со помош на хаштагот #SellSafe за да можат да се обратат на колку што може поширока публика.

Заканата што ја претставуваат овие криминалци е многу реална: во периодот пред оваа кампања, неколку земји спроведоа оперативни акции кои само во октомври резултираа со апсење на 22 е-измамници.

Едвардас Шилерис, шеф на Европскиот центар за компјутерски криминал на Европол изјави: „Шпицот на сезоната за компјутерските криминалци и измамници само што не настапил. Честопати, деловните субјекти нема ни да сфатат дека процесуирале измама со трансакција дури и неколку недели или месеци подоцна. Ова е причината зошто измамата во е-трговијата е толку опасна – додека сфатат сите засегнати страни, може да биде предоцна да се открие криминалецот. Токму затоа превенцијата е најдоброто решение. Европол соработува со своите партнери од полицијата и од приватниот сектор во рамки на акцијата „eComm2020“за да ги заштити деловните субјекти и клиентите од овие напади.”

Бернхард Шафрат, детектив во австриската Служба за криминалистичко разузнавање, изјави: „Со текот на годините,трговците на мало презедоа сеопфатни мерки за заштита на нивните бизниси од кражби, провали и слично. Во 21. век, онлајн бизнисите мора да преземат слични мерки за да се заштитат од заканите како што се измама, крадење кориснички податоци и пренасочување на испорака. Кампањата за подигнување на свеста која започна денес се заснова на искуството на истрагите на органите за спроведување на законот против измамнички нарачки од секаков вид и има за цел да им помогне на трговците подобро да ги препознаат и да ги решат безбедносните недостатоци на нивните платформи”.

Како да го заштите вашиот е-бизнис

Воведувањето на вашиот бизнис во светот на е-трговијата претставува сериозен чекор. Постојат неколку едноставни чекори што можете да ги преземете за да продавате безбедно (#SellSafe). Европскиот центар за компјутерски криминал на Европол состави неколку упатства кои ќе ви помогнат да започнете:

  • Знајте го вашиот производ: некои производи се поризични за продажба од други. На пример, продажбата на мали предмети што лесно можат да се препродадат и за кои веќе постои побарувачка е поризична од продажбата на лично дизајнирани предм
  • Запознајте го вашиот клиент: Ако прифаќате плаќања со картички и испраќате вредни предмети на клиентите, нели би сакале да знаете кому му ги испраќате истите?
  •  Воспоставете безбеден начин на плаќање: вашиот картичен процесор може да ве советува. Избирањето безбеден начин за плаќање ќе го ограничи ризикот од измама.
  • Користете сигурна служба за испорака: изберете метод на испорака со кој ќе будете сигурни дека со вашата стока професионално ќе се ракува и дека нема да има побарувања поврзани со неиспорака.

Повеќе совети како да се заштите себеси и вашиот бизнис од е-измамници може да најдете тука: https://www.europol.europa.eu/ecommerce/emerchants

Поопшти совети за како да купувате безбедно на интернет може да најдете тука: https://www.europol.europa.eu/ecommerce

Препорачуваме

Партнери на Правдико