8-ми март во фабриката КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ: „Има ли стандардизиран начин за честитање на денот на жената?“ | Правдико

Правдико

   

8-ми март во фабриката КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ: „Има ли стандардизиран начин за честитање на денот на жената?“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Доколку ги прашате вработените во КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКДЕОНИЈА ДООЕЛ Битола тие на ова прашање сигурно би одговориле со „Не!“. Вниманието кое оваа компанија им го посветува на своите вработени, повеќе пати во текот на годината, го докажуваат и сите останати настани кои се организираат во рамките на истата.

Slide2

Минатата година, „посилниот“ дел од менаџментот, заедно со останатите џентлмени од службите, им поделија подароци на сите жени во фабриката притоа облечени како супер-херои. – „Досега сум работела и во други компании, но освен цвеќе не сум добила ништо друго, а камоли ланче со „Сваровски“ елементи. А уште помалку веројатно ми беше дека може колегите и претпоставените да бидат облечени како супер-хеори само за да ние бидеме насмеани тој ден. Баш е забавано!“ – е една од изјавите на вработените кои минатата година беа дел од изненадувањето.

И додека сите мислеа дека тоа беше најнеобичното честитање на празникот 8ми Март, годинава КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКДЕОНИЈА ДООЕЛ Битола ги убеди баш во спротивното. Повторно колегите џентлмени со интересна и возбудлива точка ги изненадија сите жени кои нетрпеливо чекаа да видат што имаат смислено „дечките од одделот за човечки ресурси“. Замислете како би изгледало доколку некој Ви ја испее „Can’t take my eyes off of you“ од Frank Sinatra во живо, спуштајќи се од платформа со виљушкар и притоа Вашите колеги и претпоставени да бидат придружниот оркестар за целосно доловување на уживањето.

Овој пат, менаџментот одлучи да им подари бисерни обетки со сертификат од фамилија „Филеви“ бидејќи секоја вработена во КШМК е дама која заслужува да има парче накит кое важи за едно од најкласичните и најелегантни накити – бисерот.

„На жените треба секој ден да им биде 8ми март, а најмногу баш на овој ден. Затоа сакавме да ја продолжиме традицијата на интересни и уникатни одбележувања на особено популарниот празник – 8ми Март. Нашите вработени се секогаш во центарот на
сите активности кои ги преземаме како компанија и на секој начин покажуваме дека тие нѝ се најважни. Бидејќи ова е „женски“ празник, а жените по правило не се себични, за колегите организиравме посебен десерт за да ги почестиме за денот. Како и секое
семејство, така и нас сите овие искуства кои ги живееме заедно нѐ зближуваат и сите вакви забави и дружења се паметат. Работиме вредно ама и се забавуваме добро. Убаво е кога човек има толку многу колеги, кога има на што да се присетува и кога тоа понекогаш
измамува насмевка. Ние сме млад менаџерски тим и млада компанија и сакаме секогаш кога има можност да внесеме по некој новитет во начините на работа и ќе продолжиме и понатаму да ги изненадуваме нашите вработени и да им го правиме работниот ден повесел и полесен.– изјави Генералниот Директор на КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола.

Останува да видиме какви изненадувања ќе следуваат во оваа компанија за иднина, а Вие во меѓувреме погледнете каква беше атмосферата од сликите во прилог.

Препорачуваме

Партнери на Правдико