80-годишен дилер на дрога добива 10 годишна казна затвор | Правдико

Правдико

   

80-годишен дилер на дрога добива 10 годишна казна затвор

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

80-годишен маж кој имал разгранета мрежа за продавање на марихуана во која се опфатени неколку сојузни држави, со докази кои датираат дури од 1992 година па до денес, беше осуден на 10 години затвор.

pot_1094572

Маршал Дион се изјасни за виновен минатата година за обвиненијата за поседување и продавање на дрога и перење пари, а казната изречена вчера (22 март) во Масачусетс беше последното поглавје во долгата, шарена историја со спроведувачите на законот.

Кога полицијата во Џанкшн Сити, Канзас, го сопрела поради брзо возење во 2013 година, пронајдени биле околу 828,000 американски долари во кеш во неговиот пикап камион. А федерална истрага ги доведе властите во Масачусетс и Аризона, каде што биле пронајдени околу 15 милиони $ во готово, околу 200 килограми марихуана и книги со детали за продажба на дрога кои датираат дури од 1992 година.

Американскиот окружен судија, Денис Каспер, ја изрече максималната казна, договорена со адвокатите на Маршал, и го осуди 80-годишникот на 10 години затвор.

Партнери на Правдико