Предложени измени во Законот за јавните набавки
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Со Законот за јавните набавки се уредува системот на спроведување на јавните набавки во Република Северна Македонија. Јавните набавки ги спроведуваат институциите и државните органи за задоволување на потребите за секојдневно работење.
Министерството за одбрана, како орган на државната управа, сите процеси на набавки ги води согласно Законот за јавни набавки, освен оние случаи кои се предвидени со Законот за јавните набавки од областа на одбраната и безбедноста. Меѓу другото, Законот за јавни набавки ја уредува и примената на Законот за јавните набавки и уредува дека одредбите од законот се применуваат на постапките за јавни набавки и на конкурсите за избор на идејно решение чија проценета вредност без данокот на додадена вредност е еднаква или поголема од:
а) во класичниот јавен сектор:
– 1.000 евра во денарска противвредност за стоки или услуги или за конкурс за избор на идејно решение,
– 5.000 евра во денарска противвредност за работи и
– 10.000 евра во денарска противвредност за посебни услуги.
б) во секторските дејности:
– 2.000 евра во денарска противвредност за стоки или услуги или за конкурс за избор на идејно решение кај договорните органи од член 9 став (1) точка г) од овој закон,
– 10.000 евра во денарска противвредност за работи кај договорните органи од член 9 став (1) точка г) од овој закон,
– 20.000 евра во денарска противвредност за посебни услуги, освен услугите
опфатени со шифрата од ЗПЈН 79713000-5 кај договорните органи од членот 9
став (1) точка г) од овој закон,
– 400.000 евра во денарска противвредност за стоки или услуги или за конкурс за избор на идејно решение кај договорните органи од член 9 став (1) точка д) од овој закон,
– 5.000.000 евра во денарска противвредност за работи кај договорните органи од член 9 став (1) точка д) и
– 1.000.000 евра во денарска противвредност за посебни услуги кај договорните органи од член 9 став (1) точка д) од овој закон.
(2) Договорниот орган не смее да користи методи за пресметување на проценетата вредност на договорите за добивање пониска вредност од реалната вредност на набавката, со цел да се избегне одредена постапка утврдена со овој закон.
(3) Договорниот орган не смее да врши делење на набавките на повеќе посебни набавки со пониска вредност со цел да се избегне примената на овој закон.
(4) Во случај на потреба од набавка за која веќе е спроведена постапката за јавна набавка во тековната година, а која не можела да се предвиди во моментот на нејзиното спроведување, договорниот орган ја зема предвид вкупната проценета вредност на соодветната потреба при избор на видот на постапка.
(5) Набавките со вредност под вредносните прагови од ставот (1) на овој член, договорниот орган од член 9 став (1) точки а), б), в) и г) од овој закон ги внесува во квартална евиденција која е јавно достапна на ЕСЈН.
(6) Вкупната вредност на набавките под вредносните прагови од ставот (1) на овој член кај договорните органи од член 9 став (1) точки а), б) и в) од овој закон не смее да надмине 12.000 евра во денарска противвредност во тековната година, додека кај договорните органи од член 9 став (1) точка г) од овој закон 24.000 евра во денарска противвредност во тековната година.
Согласно сегашното уредување, фактичката состојба е дека износот на средства кои не се обременети со процедурите предвидени со Законот за јавни набавки е премногу мал за да може да се покријат тековните и секојдневните потреби на Армијата на Република Северна Македонија, особено во услови на чести ангажмани во поддршка на цивилните институции (пожари, мигрантска криза, поддршка во период на пандемија). Дополнително, станува збор за институција со околу 7000 вработени распоредени во повеќе касарни, издвоени објекти и чести теренски активности.
Со Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки се предлага изменување и дополнување на постојната одредба на членот 40 став (6) со која се предвидуваат посебни услови за Министерството за одбрана кои не се одразуваат на министерството, туку исклучиво на Армијата.
Со предложените законски решенија ќе се овозможи поголема флексибилност на командантите на воените единици и гарнизоните во управувањето со финансиските средства, што ќе овозможи подобри услови и зголемување на борбената готовност.
Целосниот текст на предлог измените можете да го погледнете ТУКА