Сте ја прочитале ли Времената спогодба помеѓу Македонија и Грција? | Правдико

Правдико

   

Сте ја прочитале ли Времената спогодба помеѓу Македонија и Грција?

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

dsdsaaaaaaaaaСпорот за името Македонија станува видлив (актуелен) по независноста на Република Македонија во 1991 г. кога Грција се спротивставува на употребата на името Македонија од страна на Република Македонија, повикувајќи се на историски и територијални причини. Грција тогаш смета дека има ексклузивно право да го употребува името за својата провинција Македонија и нејзините жители.

Иако Македонија, според Арбитражната комисија за поранешна Југославија, ги исполни условите за признавање на независноста (заедно со Словенија), Грција го блокира признавањето од страна на Европската Унија (ЕУ), како и приемот во Организацијата на Обединетите нации (ООН). На 27 јуни 1992 г., ЕУ (тогаш ЕЕЗ) под влијание на Грција во т.н.

Лисабонска декларација понудила признавање „под име кои нема да го содржи зборот Македонија“. Покрај тоа, Грција во периодот 1992-1995 г. на двапати ја блокира грчко-македонската граница за каква било трговија, со цел да се изврши притисок врз Република Македонија. Во декември 1992 г. ООН воспостави, меѓу другите земји на поранешна Југославија и во Македонија, превентивна безбедносна мисија УНПРОФОР, која во 1995 г. е заменета со УНПРЕДЕП, која мандатот го завршува во 1999 г.

На 13 септември 1995 г. Грција и Македонија склучија Времена спогодба, со која двете страни се согласуваат: Македонија да гарантира дека во преамбулата и во членовите 3 и 49 од Уставот нема територијални претензии и да го смени националното знаме (со сонцето од Вергина), Грција да не го блокира приемот на Македонија во меѓународни организации, а страните да ги продолжат разговорите за разликите под покровителство на ООН.

Привремената спогодба во оргинална(англиска) и македонска верзија преземете ја ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико