Ќе се изготвува нов Закон за матичната евиденција
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Министерството за правда покрена иницијатива за изготвување на Предлог на Закон за матичната евиденција.
Согласно образложението од Министерството, потребата за донесување на нов закон е фактот што одредбите во Законот се застарени и невоедначени во однос на поимите и решенијата со кои се уредува регистрирање на раѓање на дете и смрт. Воедно, одредбите на овој закон не кореспондираат со одредбите од другите закони што влијае на остварување на правата на граѓаните.Заради ефиксано остварување на правата на граѓаните, потребно е уредување на дигитализација на процесите во Управата за водење на матичните книги и издавање на дигитални документи.
Со Предлог на Законот ќе се вградат одредби за: -видовите и содржината на матичните книги, -дополнителен упис во матична книга на родени на лица по истек на рок и дополнителен упис на лица кои се родени во домашни услови, -меѓународна правна соработка во областа на матичната евиденција, -постапка за правно признавање на родот и -дигитализација и интероперабилност.
Временската рамка за изготвување на предлог законот:16.01.2023 – 30.06.2023