Смилевски ја презеде вината во целост, обвинителството бара 10 години затвор | Правдико

Правдико

   

Смилевски ја презеде вината во целост, обвинителството бара 10 години затвор

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Трезористот Бобан Смилевски, првообвинет за грабежот во НЛБ банка, во завршниот збор ја призна вината, им се извини на преостанатите инволвирани во грабежот и ги побара нивните казни за себе. Рече дека парите ги украл оти бил во долгови и тој и семејството биле под закани.

– Делото не е направено од лукративна причина и не е со цел да се оствари имот за себе или за кој било друг. Сум бил во долгови и во последните два месеци бевме под закани, јас и семејството. Губењето самоконтрола ме доведе до ова. За себе можам да кажам дека сум бил пример во приватниот живот, општеството, а до кражбата за себе можам да кажам дека не сум бил криминалец, ниту имам криминален ум. Еднаш во животот сум згрешил и по настанот сум се пријавил кај директор. Второ и третообвинетиот ненамерно сум ги вмешал, за себе ги барам и нивните казни. Колку е поблага казната и колку побргу се вратам во општество ќе почнам побрзо да придонесувам – рече Смилевски.

Тој им се извини на своите родители за нанесениот стрес и срам, на својата сопруга што ја оставил со две малолетни близначиња, на својот внук кој го оставил без татко. Неговиот брат Горан Смиелвски е второбвинет во случајот. Обвинети се и Борис Минчевски и Мирослав Каевски. Обвинителството за сите бара максимална десетгодишна казна затвор.

Смилевски ѝ се извини и на банката за нарушениот углед.

И покрај сето ова, никој од обвинетите не кажа каде се украдените пари.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико