ААВМУ: Телевизиите да престанат да ги емитуваат сите политички спотови во кои има малолетници | Правдико

Правдико

   

ААВМУ: Телевизиите да престанат да ги емитуваат сите политички спотови во кои има малолетници

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) на првиот ден од изборната кампања во медиумите констатирала дека, спротивно на законот, повеќе телевизии емитувале платено политичко рекламирање во кое учествуваат малолетници.

„Потсетуваме дека за содржината на платеното политичко рекламирање одговорноста е кај нарачателите, но радиодифузерите се одговорни за законитоста на неговото емитување“, велат од ААВМУ и апелираат радиодифузерите веднаш да престанат да ги емитуваат овие спотови, а учесниците во изборната кампања да го усогласат нивното платено политичко рекламирање со законите.

Од Агенцијата порачуваат радиодифузерите внимателно да ги прегледуваат сите содржини и да одбијат да ги емитуваат оние со коишто се прекршува не само Изборниот законик, туку и Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико