Абдеслам осуден на 20 години затвор за престрелката во Брисел
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Судот во Брисел ги осуди на 20 години затвор францускиот екстремист Салах Абдеслам и неговиот туниски соучесник Сифијан Ајари.
Двајцата се осудени за обид за напад од терористичка природа, поради пукање кон полицијата на 15 март пред две години во Брисел.
Во пресудата се наведува дека нивната поврзаност со радикализмот воопшто не е доведена во прашање.
Четворица полицајци беа повредени во пукотници во кои учествуваа Абдеслам и Ајари, кога полицијата изврши рација во станот во кој двајцата се криеја во Брисел. Абдеслам со месеци беше во бегство поради поврзаност со нападите во Париз во ноември 2015 година, кога беа убиени 130 лица.
Извор: Макфакс