Ад хок комисијата не поведе прекршочни постапки за локалните и регионалните медиуми
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Привремената комисија за следење на медиумското претставување на денешната седница ги разгледа извештаите за регионалните и локалните радиодифузери.
На седницата, присутните четворица членови решија да не се поведуваат прекршочни постапки за ниту еден од радиодифузерите.
Неколку членови изнесоа забелешки за балансираноста во известувањето на дел од медиумите, но на крајот едногласно беше решено да и се предложи на Агенцијата за медиуми да не се поведуваат прекршочни постапки.
Извор: Нова Македонија