Ад-хок телото на состанок за да донесе деловник за работа | Правдико

Правдико

   

Ад-хок телото на состанок за да донесе деловник за работа

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

image-1На нов состанок, Ад-хок телото за следење на медиумското предизборно известување, во вторник, ќе продолжи со обидите да донесе деловник за работа.

Според политичкиот договор, периодот за следење на медиумското известување веќе почна, но за телото да работи неопходен е деловник.

Несогласувањата меѓу членовите се околу тоа како ќе одлучуваат, а според последните информации начелно, сите се согласиле одлуките, кога ќе бидат присутни сите пет членови, или четири од нив, да бидат носени со три гласа „за“ минимум. Но, дел од членовите на Ад-хок телото се против идејата во ситуација кога на седница ќе бидат само тројца од петмината, одлуките да се носат со гласови 2:1. Во таков случај другите опции се или да се бара консензус меѓу трите присутни членови, или, тројца воопшто да не можат да носат одлуки.

Во Ад-хок телото се Слаѓана Димишкова и Цветин Чилиманов, по предлог на ВМРО-ДПМНЕ, Горан Трпеноски и Љубомир Костовски, предложени од СДСМ, како и Љуљзим Хазири, кој за петти член на Комисијата беше договорен на последниот состанок на лидерите на партиите.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико